Close Menu
    Најново

    Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор

    30.12.2025 во 19:13

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49

    Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш

    30.12.2025 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Се јави советникот на ДУИ: Мојата госпоѓа не е вмешана, ние живееме заедно – најдете кој сакаше да ме убие

    Се јави советникот на ДУИ: Мојата госпоѓа не е вмешана, ние живееме заедно – најдете кој сакаше да ме убие

    10.10.2025 во 12:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Чуден заплет добива случајот со пукањето во Куманово во кое што актуелниот претседател на општинскиот совет во Липково и кандидат за нов мандат докторот Шаини доби 4 куршуми но за среќа успеа да преживее. Лице кое очигледно се уште не е идентификувано со пиштол пукаше во неговиот автомобил. МВР првично ја осомничи сопругата и уште едно лице, но докторот денеска рече дека неговата сопруга не стои зад овој напад

    „Целосно го отфрлам како неосновано и невистина тврдењето дека зад овој случај стои госпоѓата Аријета Аили. Затоа барам од истражните органи под итно да ја објаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а посебно имиџот на госпоѓата Аријета аДили.

    Овој случај, за жал, се претставува со јасна намера за дискредитација на мене и моето семејство, како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам од истражните органи, оние на редот, апелирам до нив да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен на случајот, а не овој настан да го прикажуваат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколку навистина ќе беше така, како што се претставува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа.

    Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со моите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане. – изјави докторот Шаини

    МВР утрово испрати соопштение во кое потенцираше дека неговата сопруга сепак е поврзана со случајот.

    „На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство,  по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така  ќе биде поднесена кривична пријава.“ – се вели во соопштението на МВР

    Обвинителството информираше дека ги добило кривичните пријави но ниту една од нив не е за обид за убиство.

    „Во врска со тој настан, до Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот. Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија.“ – се вели во објаснувањето од Обвинителството

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.