Се јави министерката за финансии: Браво за сите што ја спроведуваат полициската акција во Струмица

Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија, пишува на социјалните мрежи Минситерката за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска по акцијата која од вчера се спроведува во Струмица и каде на мета е познат бизнисмен близок до претходната власт.

Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП.

Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ, порача Кочоска.

 

13.09.2024 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега