Се излеа Вардар - поплавени куќи и обработливо земјиште

Иако се намалија врнежите од дожд и водостоите на реките од ноќеска во 21 часот Вардар се излеа и поплави куќи и обработливо земјиште во неколку села во Општина Јегуновце. Градоначалникот на општината Дарко Блажевски објаснува дека излевањето е кај месноста Старо Вардариште каде реката и земјата се речиси на исто ниво.

-Месноста Старо Вардариште е најниска местоположба долж Вардар и кога реката тука се излева веднаш се поплавува селото Раотинце. Во ова село поплавени се три куќи и домаќинства, излеана вода и поплави  има на обработливо земјиште во Туденце, Сиричино, Јегуновце и Раотинце, изјави Блажевски.

Тој се надева дека временските прилики ќе се стабилизираат и ќе нема поголеми поплави.

-На помалите и споредни реки, како река Бистрица, интервениравме со механизација и се отстранија отпадоци, дрвја и земја кои се нашле во коритата. За реката Вардар немаме соодветна поголема механизација, изјави Блажевски.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, на 9 јануари водостојот на Вардар во оваа Општина бил 106 сантиметри, додека вчера и денеска достигна 220 сантиметри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега