Мицкоски се сретна со претставници на нафтената индустрија, информираше премиерот на ФБ. Заклучокот од средбата бил дека се е под контрола.
„Имав средба со претставници на нафтената индустрија во државата.
Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија.
Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат.
Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби.“, напиша премиерот на ФБ.


