СДСМ: Зошто се опструираат институциите, која е улогата на ВМРО-ДПМНЕ во лажните дојави за бомби

 

ВМРО-ДПМНЕ ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките за справување со дојавите за поставени бомби во училиштата и во јавни настапи повикува на непочитување на новите протоколи. Со своето крајно неодговорно однесување ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и чувство на страв кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата велат дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ наметнува низа прашања и отвора сериозен сомнеж за нивната улога и прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ ги опстурира институциите? Која е улогата на ВМРО-ДПМНЕ во лажните дојави за бомби?

ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава.

Безбедноста на училиштата не смее да биде тема за политички поени. Новите протоколи, изработени од експерти, гарантираат безбедност на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставниот процес, се вели во соопштението.

 
08.03.2023 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега