Движењето ЗНАМ – составено од луѓе што ја предадоа сопствената партија и ги предадоа сопствените гласачи, финансирано и создадено од Мицкоски со единствена цел да ја ситни опозицијата – најавува дека во септември ќе објави „извештај“ за работата на своите функционери, стои во соопштението на СДСМ.
-Прашањето е едноставно: Што точно имаат да објават во тој извештај? Дека не ги испратија документите за екстрадиција на Груевски? Дека земјоделците сè уште ги чекаат субвенциите? Тоа граѓаните веќе го знаат. Не мора да чекаат до септември. Единственото што навистина ги интересира граѓаните е денот кога обвинителството конечно ќе биде независно а не на телефонски повик. Денот кога Максим Димитриевски и неговата тендер-екипа, заедно со колегите од тендер-коалицијата составена од „тендер-патриоти“, ќе одговараат пред законот за наместените тендери – Пошта, земјиште за Лидл и сите останати афери. Тоа е единствениот извештај што вреди. Тоа е единственото полагање сметка што граѓаните го чекаат, велат од опозицијата.
Додаваат дека важно е само што поскоро да имаме слободно и независно обвинителство, кое ќе може да ги процесира за криминал и корупција во Македонија – пред евентуално да почнат постапки и во Бугарија, чии се државјани и сопственици на фирми.
-Доаѓа време на вистина и правда. Наскоро народот ќе ја врати власта во свои раце – од канџите на организираната криминална група ВМРО, стои во партиското соопштение.


