Европската комисија ги прекина сите исплати од ИПАРД 3 програмата поради сериозен корупциски скандал во кој е приведен директорот на Платежната агенција, кадар на ДПМНЕ. 

Земјоделците останаа без пари поради корупцијата на власта, реагираат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.  

Ова е најголемиот корупциски скандал со европски фондови досега бидејќи ИПАРД 3 програмата е вредна околу 130 милиони евра.

Сега истрагата мора да оди до крај и да ги опфати сите инволвирани, не само приведениот директор од ДПМНЕ. 

Тој е близок соработник на Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Мицкоски додека неговата сопруга пак е вработена во Агенцијата, на позиција одговорна за исплата на парите од ИПАРД.

Значи станува збор за блискиот круг околу премиерот Христијан Мицкоски.

Истрагата мора да ги даде сите одговори а вмешаните да одговараат.

Кога СДСМ ја разобличи оваа коруптивна шема, ДПМНЕ се обиде да дефокусира со лаги и напади врз сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и претседателот Филипче. 

Денеска на сите им е јасно дека лагите од кујните на ДПМНЕ служат само за дефокус и прикривање на сопствената корупција.

На ДПМНЕ не им се важни граѓаните, не им се важни земјоделците туку наместените милионски тендери. 

Нема да дозволиме ДПМНЕ да си игра со судбината на земјоделците. Одговорност ќе има. 

Работата не е завршена, реагираат од СДСМ.

Exit mobile version