Опозициската СДСМ тврди дека е задоволна од резултатите по вонредните избори во Брвеница. И покрај тоа што завршија со резултат кој е последен меѓу четирите најголеми партии и за 4 пати послаб од главниот конкурент ВМРО-ДПМНЕ, од партијата сепак се задоволни со фактот што нивниот број на гласови во споредба со изборите од пред 1 година се зголемил, додека оној на ВМРО-ДПМНЕ се намалил
Најмногу гласови на изборите освои ВМРО-ДПМНЕ по што следеше кандидатот на ДУИ и коалицијата. Трети завршија ВРЕДИ а СДСМ се четврти со 707 гласови.
Во Брвеница ќе има втор круг каде силите ќе ги одмерат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
