СДСМ: За настаните во Тетово и Скопје одговорите ДПМНЕ нека си ги побара кај Мицкоски

 

„Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово, ДПМНЕ нека си ги побара од Христијан Мицкоски.  Токму Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори. Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово.  Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.“ - велат од СДСМ во своето соопштение.

-Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно.  Како партијата наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата. ДПМНЕ само сака да го пљачкаат народот, како што тоа го правеа цели 11 години, кога заради богатење на функционерите од Белата палата, спроведоа грабеж и цел културен инженеринг.- додаваат од партијата.

 

 

 

 

12.08.2023 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега