Close Menu
Press24
    Најново

    Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот

    13.03.2026 во 23:50

    CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта

    13.03.2026 во 23:20

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот
    • CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта
    • Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда
    • Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО
    • Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
    • САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
    • Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
    • Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Врските на Стоилковиќ со Москва се закана за евроатланската ориентација на Македонија

    СДСМ: Врските на Стоилковиќ со Москва се закана за евроатланската ориентација на Македонија

    12.01.2026 во 08:405 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДСМ со длабока загриженост ги следи контрадикторните сигнали што ги испраќа актуелната влада на премиерот Христијан Мицкоски.

    „Додека официјално се изјавува дека Северна Македонија е стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во срцето на владата седи Иван Стоилковиќ, вицепремиер и најблизок соработник на Мицкоски, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата“, реагираат утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

    „Ова не е само политичка хипокризија, ова е директно загрозување на националната безбедност и иднината на нашата земја во НАТО и ЕУ.

    Уште полошо, самиот премиер Мицкоски, и покрај јавните изјави за стратешка соработка со САД, со своите постапки и блиски врски со српскиот претседател Александар Вучиќ, прави сѐ спротивно, водејќи ја Северна Македонија кон изолација слична на онаа во Србија, за да продолжи пљачката на државата и да се избегнат реформите.

    Иван Стоилковиќ, со години е клучна фигура во руските обиди да го дестабилизира Балканот.

    Уште во 2017 година, за време на политичката криза во нашата земја, Стоилковиќ патувал во Москва каде што, заедно со други балкански политичари, потпишал „Декларација за воена неутралност на Балканот“, документ поддржан од руски дипломати со јасна цел да се спречи пристапувањето во НАТО.

    Оваа посета била дел од поширокиот руски план да се осуети нашата интеграција во западните структури. Стоилковиќ бил активно вклучен во координацијата со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ од БИА, кој очигледно дејствувал и по руски инструкции.

    Живаљевиќ, според истражувањата на OCCRP (Organized Crime and Corruption Reporting Project) и македонските контраразузнувачки документи, дури престојувал во станот на Бранко Героски Геро, новинар и тогашен главен уредник на големи дневници (сега уредник и сопственик на Plusinfo.mk), кој е дел од мрежата на влијание поврзана со српските и руските интереси во регионот.

    Оттаму и оркестрираниот напад врз СДСМ од страна на Героски, кој преку своите колумни и координација на активности со Деспотовски се обиде да го руши СДСМ одвнатре.

    Неговата лојалност кон Москва не престанала ни по влезот на Северна Македонија во НАТО во 2020 година. 

    Напротив, Стоилковиќ отворено го критикувал влезот во Алијансата и се противел на Преспанскиот договор, клучен за решавање на спорот со Грција и отворање на патот кон НАТО и ЕУ.

    Во мај 2023 година, присуствувал на „11. Меѓународен состанок на високи претставници за безбедносни прашања“ во Москва, организиран од Советот за безбедност на Руската Федерација.

    Таму бил во друштво на Александар Вулин, тогашен директор на српската БИА и познат проруски политичар, како и Милорад Додик, претседател на Република Српска, кој повеќепати е обвинет за промоција на сецесионизам и блискост со Кремљ. 

    Овие средби не се случајни, тие претставуваат директен канал на руско влијание врз нашата влада.

    Како најблизок соработник на премиерот Мицкоски, Стоилковиќ го промовира концептот „српски свет“ (критикуван во извештајот од Европскиот парламент), кој е тесно поврзан со руската геополитичка агенда на Балканот. 

    Идејата за „српски свет“ настанала уште во времето на Слободан Милошевиќ, а најдобар ученик на оваа доктрина е токму Александар Вучиќ.

    Поддршката на Стоилковиќ и на владата на Македонија за Милорад Додик, особено вклучувајќи го присуството на Стоилковиќ на контроверзната прослава на „Денот на Република Српска“, од пред два дена, и покрај одлуката на Уставниот суд на БиХ, покажува нивна подготвеност за дестабилизација на регионот.

    На прославата присуствувал Едвард Хусон, универзитетски професор и геополитички аналитичар.

    Еве накратко за професорот, за граѓаните на Македонија…

    Што се однесува до неговите анти-ЕУ ставови, Хусон е остар критичар на Европската унија, која ја гледа како потчинета на американските интереси и лишена од стратешка автономија.

    Тој ја обвинува Европската комисија, особено Урсула фон дер Лајен, дека ги пречекорила своите овластувања со наметнување санкции кон Русија и дека текстот на санкциите е усогласен со Американците.

    Хусон често ја критикува ЕУ поради поддршката за Украина, нарекувајќи ја „нео-фашистичка“ и обвинувајќи ја за хистерија кон Русија.

    Ова не е само внатрешна политика, ова е директна поддршка на руските интереси, кои ги користат таквите врски за да ги ослабат НАТО и ЕУ на ниво на Западен Балкан.

    Овие врски се протегаат до самиот премиер Мицкоски, кој длабоко ги развива односите со Вучиќ, гледајќи го како клучен регионален партнер, и покрај критиките од ЕУ упатени кон Вучиќ поради блискоста со Москва.

    Мицкоски, иако јавно зборува за ЕУ интеграции, со своите постапки ја води Македонија кон изолација, слична на онаа што Вучиќ ја применува во Србија, избегнувајќи длабоки реформи (меѓу кои и реформите на правосудството) за да продолжи корупцијата и пљачката на државните ресурси.

    Оваа изолација доаѓа од страв од новиот американски закон за Западен Балкан, кој подготвува задолжителни санкции за лидерите и бизнисмените во регионот вмешани во криминал, корупција и дестабилизација.

    Наместо да се соочиме со овие предизвици преку реформи и приближување кон САД и ЕУ, Мицкоски и неговите соработници избираат пат на изолација, (како Вучиќ во Србија), за да ја зачуваат моќта и да продолжат со пљачката на државата.

    На граѓаните на Македонија треба да им биде јасно дека Мицкоски ја враќа државата во времето на Груевски. 

    Оваа „тендер коалиција“ и влада што ја сочинуваат, е подготвена на сѐ (како што се „мигранти за пари“), за да останат на власт, со тоа штитејќи се себеси од одговорност пред лицето на правдата.

    Нашата иднина е во Европа и НАТО, а не во сенките на Кремљ.

    За нас Европа и НАТО немаат алтернатива!“, стои во реакцијата на СДСМ.

    Популарно

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности

    13.03.2026 во 19:54

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени

    13.03.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.