СДСМ: Во новиот мандат 1,35 милијарди евра поддршка во земјоделството

 

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока финансиска поддршка за земјоделството од 1,35 милијарди евра, стои во соопштението на СДСМ.
 
„Во следните 4 години, една милијарда и триста педесет милиони евра се вложуваат за поддршка на македонското земједелство, за субвенции, инвестиции во модернизација и проекти за рурален развој, грантови за мали винарии од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра, грантови за жени земјоделки од 10.000 евра.
 
СДСМ има конкретен план за да обезбеди рекорно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1.5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи, кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.
 
Вкусот на Македонија да биде на европските трпези.
 
Со СДСМ нема откажување од европско земјоделство дома!“, велат од СДСМ.
22.04.2024 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега