СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ги почитува ниту граѓаните ниту Собранието, оваа партија знае само за блокади и деструкција

Граѓаните секојдневно ја гледаат деструкцијата и опасното дејствување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како во Собранието, така и надвор од него, соопшти владејачката СДСМ.

Според партијата, соочена со сопствениот очај, ВМРО-ДПМНЕ продолжила со неодговорно, несериозно однесување на штета на граѓаните и институциите.

-Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, како и целокупната опозиција во Парламентот не сакаат функционално Собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните. Тоа срамно и неодговорно однесување е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Секогаш да ставаат сопки и дејствува на штета на државата и институциите. Апсурдно е тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ немало ништо со амандманите поднесени за да се блокираат измените на Деловникот кога истите јавно ги бранеше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните, на државата. Меѓу нив се и ваучерите од 6000 денари за пензионери, корисници на право на социјална сигурност,самохрани родители, деца  без родители, уметници, филмски работници, како и диреткната помош на лозарите, се вели во соопштението од СДСМ.

Според владејачката партија, деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието, може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

-Со или без нив, граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега