СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против сите стратешки одлуки, коридорите се национален интерес

„Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес. Ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура. Тоа носи придобивки за граѓаните, за државата, но и за македонската економија.“-велат од СДСМ во своето соопштение.

-Иако законските постапки за реализација на овој проект траат веќе 2 години, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски упорно водат хајка против стратешкиот проект. Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партијата која што секогаш блокира и се противи на секоја важна, стратешка одлука на земјава. Со невистини, лаги и извртување на факти ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против изградба на коридорите и против американската компанија Бехтел. ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица идентично се однесуваше и за Францускиот предлог за почетокот на преговорите со ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ и Левица вака се однесуваа и против Преспанскиот договор со којшто станaвме членка на НАТО. Буквално за секоја стратешка одлука важна за земјата ВМРО-ДПМНЕ била и е на погрешната страна. ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на криминал, корупција, провизии од автопати, и од криминалниот Скопје 2014. СДСМ нема да дозволи оваа режимска партија сега помогната од проруската Левица да создаде нов хаос како со автопатот Охрид – Кичево.-додаваат од партијата.

03.05.2023 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега