СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го заглави издавањето на пасошите - не се способни да најдат решение

ДПМНЕ целосно го заглавува процесот на издавање пасоши и ги манипулира граѓаните - се вели во соопштението на СДСМ
 
ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор.
 
ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.
 
Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци.
 
ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.
 

 

ДПМНЕ не може да испорача решение и  создава дополнителен хаос со издавањето пасоши - велат од СДСМ
22.02.2024 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега