СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот, работи против функционално Собрание, против интересите на граѓаните

Обидот да се спречи донесување на измените на Деловникот со голем број нелогични амандмани ја покажува желбата на ДПМНЕ да го блокира законодавниот дом во време на пандемија од коронавирус, велат од СДСМ преку соопштение.
 
-Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со својата деструктивност и работат директно на штета на граѓаните. Тоа е срамно и неодговорно однесување, тоа е вистинското лице на ДПМНЕ. Секогаш става сопки и дејствува на штета на граѓаните.
 
Во време на сериозни предизвици со коронавирусот, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет и затоа предложивме измени за оние пратеници кои се заболени од Ковид 19 или се во изолација да може да работат од далечина, онлајн. На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности-велат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега