СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најлоша локална власт во историјата на градот

ВМРО-ДПМНЕ по една година комплетно го заглави Скопје, се докажа како убедливо најлоша локална власт во историјата на главниот град, Вака од СДСМ го коментираат владеењето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
 
„Откако 11 години се изживуваа врз граѓаните, државата, а особено врз градот Скопје, со мегаломанското обезличување Скопје 2014, сега го доведоа во колапс функционирањето на градот. Не реализираа ниту едно изборно ветување, ги прекинаа започнатите проектите, за кои веќе се обезбедени средства.
 
Скопје остана без јавен превоз, сите градски комунални претпријатија се соочуваат со проблеми.
 
Локалните власти ги оставија граѓаните на цедило и не сакаа да обезбедат парно греење за скопјани, но Владата предводена од СДСМ обезбеди греење за Скопје.
 
Поради неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, Владата ќе ги преземе сите големи и клучни проекти кои се започнати во Скопје и во рамките на своите надлежности ќе ги направи, заради граѓаните, заради скопјани“, велат од СДСМ.
 

 

Со ВМРО-ДПМНЕ градот Скопје е заглавен, како што 11 години беше заглавена државата, додаваат од партијата.
26.11.2022 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега