СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е деструктивно – блокира Закон со кој на 92% од работниците недела ќе им биде неработен ден

 Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, посветени се на блокади, деструкции за лични и партиски интереси, велат од владејачката СДСМ.

- Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.  ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19. Со овие законски измени на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%, велат од партијата.

Според СДСМ, во Комисијата за труд и социјала ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Законот за недела неработен ден.

-ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование и наука ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници.  Со овој Закон се предвидува и зголемување на платите, како и исплата на додатоци. ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.  ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот. Таквото деструктивно однесување граѓаните го ценат и соодветно ќе го казнат и на овие избори, велат од партијата.

 

24.09.2021 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа