Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, велат од СДСМ.

„Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери…?

Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.

Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта.

Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата?

Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?

СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа.

Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм.

Молкот мора да престане.  Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.

Нема бегање од одговорноста.

Сите ќе одговараат!“, стои во соопштението од СДСМ.

Exit mobile version