Close Menu
    Најново

    СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

    14.01.2026 во 10:09

    Герасимовски најави поголеми стипендии и бесплатни оброци за сите ученици во Центар

    14.01.2026 во 10:01

    Дневен хороскоп: Јарците во фаза на стратегија, Раковите во потрага по емоционален баланс

    14.01.2026 во 09:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра
    • Герасимовски најави поголеми стипендии и бесплатни оброци за сите ученици во Центар
    • Дневен хороскоп: Јарците во фаза на стратегија, Раковите во потрага по емоционален баланс
    • (ВИДЕО) Вардариште заминува во историјата: Започна чистењето, ќе се гради парк од 300.000 квадрати
    • Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања, проверете дали сте на списокот
    • Денеска е Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
    • Денеска лидерска средба во Клубот на пратеници: Ахмети, Касами и Апасиев потврдија, Филипче одби
    • Кочан ладно во Македонија: -7 степени измерени во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

    СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

    14.01.2026 во 10:09
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата! Владиното славење за новото задолжување на граѓаните, се посочува во соопштението од СДСМ.

    „Во моментот кога Владата се фали со „импресивната“ побарувачка од над 4 милијарди евра за десеттата еврообврзница во износ од милијарда евра, вреди да се потсетиме дека ова не е приказна за успех, туку за нужда.

    Што тоа значи за граѓаните?

    Повеќе долгови значат поголеми камати, помалку средства за социјални програми, здравство и образование и поголем ризик од криза ако глобалните каматни стапки пораснат.

    Прогнозите на СДСМ не беа празни зборови, туку реалност – дупката во буџетот постои и наместо да се фали со задолжувањето, Владата треба да објасни како ќе обезбеди одржливост на финансиите, без постојано потпирање на странските кредити.

    Министерството за финансии истакнува диверзифицирана база на инвеститори од Германија, САД и Велика Британија, конкурентни каматни стапки (3,875 % за четиригодишната и 4,750 % за осумгодишната транша) и доверба во реформските планови.

    Но под оваа сјајна фасада се крие сурова реалност, ова задолжување е директен одговор на проблемите со финансиите и буџетскиот дефицит.

    Оваа „доверба на инвеститорите“ што Владата ја слави всушност е сигнал дека земјата мора да се задолжи по цена на зголемување на вкупниот долг, кој веќе надминува 60 % од БДП според ЕУ-стандардите.

    Слично се случи и со контроверзниот заем од Унгарија во износ од милијарда евра во 2024 година, кој СДСМ го осудуваше како ризичен и политички мотивиран.

    Ова е уште еден доказ дека она што СДСМ го зборува веќе со месеци се остварува.

    Дефицитот не исчезна, само долговите се префрлени на идните генерации.

    Време е за одговорна политика, а не за спинување на долговите како победа“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    (ФОТО) Се запали стан – едно лице загина, друго е повредено

    13.01.2026 во 22:13

    Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска

    13.01.2026 во 22:33

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања, проверете дали сте на списокот

    14.01.2026 во 09:34

    Денеска е Обрезание Господово и Свети Василиј Велики

    14.01.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.