СДСМ: Усвоен ребалансот на Буџетот за 2020 година, обезбедени дополнителни средства за здравствениот систем и за поддршка на економијата и граѓаните

Парламентарното мнозинство предводена од СДСМ го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за зајакнување на здравствениот систем, како и за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за справување со економските последици од коронакризата, велат прку соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека со ребалансот обезбедени се 243 милиони денари за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини и тестови за ковид 19.

„Во овие 243 милиони денари, вклучени се и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, во сите ковид центри низ државата. По донесувањето на ребалансот, започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки. Преку овој пакет мерки, 470 милиони евра се наменуваат за директна поддршка на граѓаните, за спас на работни места и за поголема поддршка за стопанството.Предвидени се 70 милиони евра  за субвенционирање на плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември, а 27,6 милиони евра ќе се обезбедат за домашни платежни картички од по 6.000 денари за околу 283.000 наши сограѓани.“ велат од таму.

Во соопштението се наведува дека со ребалансот се обезбедуваат и сериозни средства за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, занаетчиите и вршителите на самостојна дејност, како и на компаниите погодени од коронакризата.

„Во време на сериозна здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот,  парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ континуирано работат на зајакнување на здравствениот систем и обезбедување силна поддршка за секој еден граѓанин и секоја компанија погодени со кризата. Парламентарното мнозинство предводена од СДСМ го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за зајакнување на здравствениот систем, како и за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за справување со економските последици од коронакризата. Со ребалансот обезбедени се 243 милиони денари за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини и тестови за ковид 19. Во овие 243 милиони денари, вклучени се и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, во сите ковид центри низ државата.

По донесувањето на ребалансот, започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки. Преку овој пакет мерки, 470 милиони евра се наменуваат за директна поддршка на граѓаните, за спас на работни места и за поголема поддршка за стопанството. Предвидени се 70 милиони евра  за субвенционирање на плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември, а 27,6 милиони евра ќе се обезбедат за домашни платежни картички од по 6.000 денари за околу 283.000 наши сограѓани. Со ребалансот се обезбедуваат и сериозни средства за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, занаетчиите и вршителите на самостојна дејност, како и на компаниите погодени од коронакризата.

Во време на сериозна здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот,  парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ континуирано работат на зајакнување на здравствениот систем и обезбедување силна поддршка за секој еден граѓанин и секоја компанија погодени со кризата.“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега