СДСМ: Уште едно фијаско на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва јавноста виде уште едно фијаско од очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски, се вели во реакцијата на СДСМ на протестот на најголемата опозициска партија.

-Таканаречените протести наменети единствено за спас на двоецот Груевски - Мицкоски на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спасат од одговорност криминалците во редовите на опозициската партија. Времето на селективна правда одамна помина, сега е време на одговорност за сите кои го прекршиле законот, вклучително и на оние од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и соработниците на Груевски.
Колкаво е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кон правдата доволно зборува што денешните протести ги предводеше и се обрати лице осудено за насилство и кое билo дел од судски процеси, се вели во реакцијата.

Според партијата, нема поголемо лицемерие кон граѓаните од тоа за правда да зборува осудено лице. Затоа, се вели во реакцијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се таму каде што се и затоа уште долго ќе останат таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега