СДСМ: Универзална сала во Скопје ќе ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација, обезбедени 120 милиони денари за целосна реконструкција
Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, ја отвори можноста за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини, меѓу кои е и реконструкција на Универзалната сала во Скопје, велат од владејачката партија.
Според СДСМ, за целосна реконструкција на Универзална салапредвидени се 120 милиони денари буџетски средства.
-Овој чекор произлезе како резултат на широката поддршка од јавноста за идејата Универзална сала да ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација и да го задржи својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. Реконструкцијата на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект. Сепак, Универзална сала не ги задоволува среднорочните и долгорочните потреби за културата во Скопје. Затоа неопходна е изградба на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно сообраќајно решение за пристап до салата, и ред други просторни и технички стандарди за ваков тип на објекти. СДСМ го слуша гласот на граѓаните и направи значајни поместувања во позитивна насока за културата, се вели во дописот од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа