Мицкоски вечерва им порача на работниците дека неговата Влада нема намера да ги покачува платите. Според него, платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат, велат од СДСМ.

„Она што сите го сфатија од вечерашното интервју на премиерот е дека целата земја и сите граѓани треба да трпат – зависно од расположението на Мицкоски.

Часовници од 60 илјади евра, луксузирање на грбот на народот, авион, стотици тендери од парите на граѓаните за тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ – тоа може.

Само поголеми плати за работниците не може. Мицкоски ќе види кој колкава плата заслужува, па ќе кажел. Дури тој и ќе оценува во име на народот – тој ќе кажува дали е задоволен од услугите или не.

Никој друг не работел, само Мицкоски работи, дење, ноќе, за викенд, дури и летува само два-три дена. Никој друг.

Како и досега од Мицкоски, како и од целото ВМРО-ОКГ, нема никаков одговор на актуелните прашања. 

Сè уште нема одговор ниту за најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога како помина и кој во врвот на власта ќе одговара. 

Уште првиот ден рековме дека дрогата е од Македонија. Тогаш Мицкоски праша: од каде знаеме? Рече дека тој не знае. Сега вели дека има индиции дека е од Македонија.

Изгледа дека некој помага на царина? Па од кога го зборуваме тоа? Пршањето е кој од власта ќе одговара?

Мицкоски вечерва повторно  се обиде да ја меша опозицијата со овој случај, затоа што знае дека сè води до ВМРО-ОКГ и до него.

Како што рековме: ако сака да се бори против криминалот и корупцијата, мора да тргне од себе и од својата партија.

Освен навреди кон опозицијата и граѓаните, ништо друго не беше кажано.

Толку неразбирливи реченици што ни водителот не разбра што сакаше да каже Мицкоски. 

Бидејќи Мицкоски вели дека сè било по пропис со користењето на авионот, нека ги објават листите со патници. Што е толку тешко?“, прашуваат од СДСМ.

Exit mobile version