СДСМ: Со одговорните политики јавниот долг намален за дополнителни 2,2 процентни поени

СДСМ соопшти дека економијата во Македонија е стабилна, иако е погодена од глобалната криза.

„И во време на светска економска криза, ефикасните и навремени политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата е стабилна иако е силно погодена од глобалната криза.

Во првиот квартал од 2022 јавниот долг е намален за 2,2 процентни поени и изнесува 54,9 отсто од БДП.

Во истиот период намален е и државниот долг за 1,9 процентни поени и тој изнесува 46,8 отсто.

Ова е потврда за одговорност во реализацијата на економски политики, односно добро поставената фискална политика од страна на Владата на СДСМ и потврда за успешното управување со јавните финансии во време на светска економска криза.

По усвојување на ребалансот на Буџетот следуваат нови прилагодени мерки за помош на граѓаните и стопанството но и повеќе пари за капитални инвестиции и за производство на храна“, соопштија од СДСМ.

14.06.2022 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега