СДСМ: Со „гарантирана цена“ и пониски маржи го штитиме стандардот на граѓаните

 

СДСМ со реализација на мерките за намалување на цените на прехранбените производи, го штити стандардот на народот, порачаа од владејачката партија.

„Со мерката „гарантирана цена“ веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 30 до 40% отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава. Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода, пивото кои се намалуваат за 10%.

Дополнително, со мерката за ограничување на маржата за трговците се намалува и цената на овошјето и зеленчукот за околу 30%“, велат од СДСМ.

„Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети. Со овие мерки и со политиките за постојано покачување на платите и пензиите СДСМ продолжува со реална грижа за граѓаните и нивниот стандард“, дополнуваат од владејачката партија во писменото соопштение испратено до медиумите.

 

28.09.2023 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега