СДСМ: Со ДПМНЕ нема поголеми пензии за 5.000 денари

 

„ДПМНЕ самите се фатија како сакаат да ги лажат пензионерите. Потпретседателката на ДПМНЕ, Гордана Димитриевска Кочовска, јавно на телевизија го повлече нивното ветување за зголемување на пензиите за 5.000 денари и додаде дека се однесувало на неколку наврати, па дури и на десет рати од по 500 денари“, велат од СДСМ.
 
„Јасно беше уште кога го изнесоа ова лажно ветување, со ДПМНЕ нема поголеми пензии за 5.000 денари, сега само потврдија.
Пензионерите знаат дека покачувања на пензиите има со СДСМ и дека пензиите ќе продолжат да растат само со СДСМ. Вистински и реално. СДСМ веќе ги има зголемено пензиите и тоа за над 5.000 денари.
 
Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.
 
Во бројки, во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во март оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 6.000 денари, односно 100 евра.
 
Минималната пензија, којашто во 2016 година во време на ДПМНЕ беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Односно, оттогаш до денес е покачена за над 4.000 денари.
 
За пензионерите со пониски пензии полесно да ги поминат зимските месеци, со повеќе пари во семејните буџети, антикризните мерки предивидуваат примателите на пензија до 14.000 денари да добијат финансиска поддршка од 15.000 денари за 5 месеци, по 3.000 денари месечно.
 
Пензионерите со пензии од 14.001 денари до 16.000 денари ќе добиваат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно, за период од 5 месеци и примателите на пензија од 16.001 до 19.000 денари ќе добиваат финансиска поддршка од 1.500 денари месено во наредните 5 месеци. Ете тоа е вистинска грижа за пензионерите.

 

СДСМ обезбедува постојан, континуиран раст на пензиите за сите 336.000 пензионери и пензиите само со СДСМ можат да продолжат да растат. реално, издржано и значително“, се наведува во партиското соопштение на владејачката партија испратено до медиумите.
09.12.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега