СДСМ: Следува историско покачување на пензиите за сите 330.000 пензионери

СДСМ се грижи за пензионерите, обезбедува континуиран раст на пензиите, истакнуваат од партијата на власт.

Со мартовската пензија, како што појаснуваат, следува историско зголемување на пензиите за 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери.

„Просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари. Преку одговорните и ефикасни политики, владата предводена од СДСМ за само една година од март 2022 до март 2023 ги зголеми пензиите за 18 отсто, што никогаш досега се нема случено. Благодарение на новата методологија за усогласување, со која пензиите два пати годишно се усогласуваат со растот на трошоците на живот и растот на просечната плата, се обезбедува континуиран раст на пензиските примања“, додаваат од СДСМ.

Владата и институциите предводени од СДСМ, се додава во пишаната информација, продолжуваат со грижа за највозрасните граѓани, кои треба достоинствено да живеат во своите пензионерски денови.

15.03.2023 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега