СДСМ: Скандалот со лажните анкети покажа систем на злоупотреба на националната телевизија и општини од страна на ДПМНЕ


Скандалот со лажните анкети покажа дека постои спрега помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, државната телевизија МТВ и општини под капата на оваа партија, велат од СДСМ.
 
„Тоа значи цел еден систем на злоупотреби.
 
Уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.
 
Според обемот на скандалот, ВМРО-ДПМНЕ ги применува истите форми на делување и злоупотребување на државните ресурси како и пропагнада од најславните денови на Никола Груевски.
 
Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните.
 
Во текот на вчерашниот ден наводите дека биле ангажирани две агенции за лажните анкети беа демантирани.
 
Во така наречениот оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.
 
За градоначалниците на ДПМНЕ е предивдена „обврска“ кон Владимир Божиновски.
 
Затоа за овој скандал потребно е постапување на сите законски надлежни институции.
 
Продолжувањето по европскиот пат е многу важно за слободата.
 
Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме.
 
На овие избори граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат ново враќање назад, новите фабрики на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв или да направиме нов чекор кон полноправно членство во ЕУ“, стои во соопштението а СДСМ.
04.04.2024 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега