СДСМ: Само Мицкоски и Бугарија се незадоволни од силната поддршка на Германија

 

„Секој кој барем малку ѝ мисли добро на македонската држава и на македонскиот народ искрено ја поздравува и се заблагодарува на силната и јасна поддршка од Германија и канцеларот Олаф Шолц за земјава и за македонскиот идентитет. Тоа не е случај со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ. Само Бугарија и Мицкоски се на иста страна, незадоволни од поддршката на Германија“. Вака реагираат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите по изнесените ставови на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во Само вистина.
 
Тоа што Мицкоски ја потценува силната поддршката на Германија и Шолц зборува за него, велат од СДСМ. 
 
„Ако не е голема работа признавањето на македонскиот јазик во ЕУ чуму беа лагите, протестите и хистериите за бугаризација и асимилација?
 
Пречестото менување ставови од страна на Мицкоски, за европската иднина на земјава, за македонскиот јазик, не говори добро за него и покажува дека можеби е целосно загубен.
 
Но, тоа е негов проблем. Нека се стабилизира и нека се пресмета.
 
Што се однесува до изборите, тоа јасно му беше понудено на Мицкоски, прво заедно да ги изгласаме уставните измени, а потоа да се спроведат парламентарните избори. 
 
Мицкоски има единствена прилика да се приклучи на процесот на реализација на стратешката цел - членство во ЕУ. 
 
Ако ја прокоцка и оваа шанса, тогаш дефинитивно ќе биде запаметен како заложник на Апасиев, како полиитичар кој секогаш, без исклучок, не поддржал ниту една одлука за иднината на земјата и правел се за да го закочи напредокот на државата. 
Изборот е пред Мицкоски, ќе ја поддржи државата или ќе биде деструктивниот политичар, кој наместо за државните и националните, работел за нечии туѓи интереси“, стои во реакцијата на СДСМ.
29.06.2023 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега