СДСМ: Резолуцијата во американскиот Сенат потврдува дека македонскиот јазик и идентитет денес се заштитени и признанени како никогаш претходно
„Најголемиот наш стратешки парнер САД со Предлог Резолуцијата за македонскиот јазик, култура и историја уште еднаш на дело ја покажува својата посветеност во поддршката на нашата држава. Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество.“- стои во соопштението на СДСМ.
-Претходно, слична Резолуција донесе и германскиот Бундестаг, со што македонскиот јазик, култура и историја добиваат признанија и промоција насекаде низ светот.
Наспроти лагите на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет, факт е дека тие денес се заштитени и меѓународно потврдени како никогаш претходно.
СДСМ, како државотворна партија, продолжува да работи на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност и да ги остварува стратешките цели на државата.- додаваат од партијата.
03.08.2023 - 09:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа