Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е случајна, станува збор за опасно сценарио

    СДСМ: Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е случајна, станува збор за опасно сценарио

    19.12.2025 во 10:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата, велат од СДСМ.

    „Клучното прашање е: зошто токму сега? 

    Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија.

    Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми и официјални претставници.

    Секој ден излегуваат нови информации и докази за оваа тема. 

    Последно, и сам претставник на Владата, Александар Николовски потврди дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија.

    А граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој Договор со Британија? Што треба Македонија да прими а за возврат да добие 6 милијари евра креди? Сите знаат.

    Токму затоа се носат неуставни резолуции. Токму затоа се воведува забрана за говор. Токму затоа се прави обид опозицијата да се замолчи, а јавноста да се држи во страв. Да се забрани дебата за вистината која сите ја знаат.

    СДСМ заедно со граѓаните ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се избори за правда, демократија и слобода на говор.

    Борбата продолжува!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.