ВМРО вели за членовите на СДСМ дека се истурени играчи на руската политика?; пишува во соопштението од СДСМ.

„Дали сте свесни што напишавте?

Кој им ги пишува овие соопштенија и прес конференции? 

Дали Мицкоски во бес, лично, или пак Ивона, или нејзиниот соработник од српските служби Латас?

Дали знаете што е НАТО?

Изгледа дека не знаете!

НАТО е најмоќниот воен сојуз во светот и го сочинуваат 32 земји (претежно Европа, САД и Канада).

Сите овие земји воведоа санкции против Русија, освен Турција и вашиот Орбан (оној кому му дадовте енергетика, телекомуникации и преку кого контролирате 40% од медиумите во Македонија, кои ги објавуваат вашите глупости)!

СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку еден од најкратките постапки во споредба со мнозинството членки – за помалку од две години.

Што направиве вие од ВМРО по прашањето на евроинтеграциите во овие две години катастрофална, криминално-коруптивна власт, освен изолација на земјата и пад на економијата?

Треба ли уште нешто да се каже за вашиот наслов „играчи на руската политика“?

По Дубаи, зграда од 42 ката, Харис Џиновиќ, скокови во далечина, Венеција, Сен Мориц, др. Жан, модуларни болници (ова и да не го спомнуваме што ги навредувате семејствата на загинатите), сега и ова.

Сето ова за помалку од два месеца.

Па зарем не ви е јасно дека веќе не поминува ни во Северна Кореја или во некои далечни земји од третиот свет, на чија листа ја ставивте Македонија за американски визи.

Дали вие навистина мислите дека Македонците се слепи и глуви?

Станува сè посмешно. 

Ви прегреа кујната.

Утре доаѓа Марк Руте, генералениот секретар на НАТО, сојуз во кој е Македонија благодарение на сериозната државничка политика што се водеше во времето на мандатот на СДСМ.

Благодарение на таа сериозна посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија и нивните деца се помирни, побезбедни и побезгрижни. 

А Мицкоски нека смисли што ќе му каже на генералот секретар на НАТО за своите најблиски – вицепремиерот  Стоиљковиќ и почесниот конзул Адамовиќ, како и за нивните врски со Русија и нивната служба за безбедност“, стои во соопштението од СДСМ.

Exit mobile version