СДСМ: Осум месеци ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги деградира здравствените работници и да ја злоупотребува несреќата на заболените од коронавирусот, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните.

Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.

Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници.

Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму“ стои во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега