Close Menu
Press24
    Најново

    Подгответе се: Сонцето утре се повлекува, се враќа дождот и снегот

    23.03.2026 во 12:09

    Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина 38-годишен маж

    23.03.2026 во 11:56

    Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања

    23.03.2026 во 11:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се: Сонцето утре се повлекува, се враќа дождот и снегот
    • Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина 38-годишен маж
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања
    • ДУИ: Албанците се третирани како невидливи во институциите на оваа држава
    • Малолетник седнал зад волан и излегол на булевар – Македонската полиција го уапси
    • „Летаа” казни за продолжениот викенд – Приведени 60 возачи во Македонија
    • (ВИДЕО) Мостот се руши, возилата паѓаат во бездна: Нови ужасни снимки од несреќата во Бразил во која загинаа 14 лица
    • Секое дете има еднаква шанса – Ѓорче Петров обезбеди нови услови за инклузивно образование во „д-р Златан Сремец“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ обвинува: Власта измислува „пожари“ за да го сокрие скандалот „мигранти за пари“

    СДСМ обвинува: Власта измислува „пожари“ за да го сокрие скандалот „мигранти за пари“

    20.12.2025 во 11:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку Резолуцијата за мигрантите удира директно врз демократијата и слободата на говорот, исто како што тоа се правело со декретите во Третиот рајх, оценија денеска од СДСМ. Опозицијата смета дека власта се нашла во небрано со темата „мигранти за пари“ и сега се обидува преку институционален притисок да ја затвори таа тема.

    Според СДСМ, Резолуцијата изгласана на 17 ноември, иако навидум се занимава со илегалната миграција, во суштина е насочена кон осуда на СДСМ за наводно ширење паника. Тие потсетуваат дека оваа тактика е веќе видена во историјата, посочувајќи на 1933 година во Германија, кога под изговор за „безбедносни закани“ биле укинати клучните граѓански слободи. За СДСМ, ова е очаен обид да се сокријат информациите кои протекоа и во британските медиуми за плановите за депортација на мигранти во замена за финансиска компензација.

    Партијата од „Бихаќка“ направи и историски осврт на корените на ВМРО од времето на Ванчо Михајлов, обвинувајќи за соработка со авторитарни режими во минатото, пракса која според нив се повторува и денес преку блиските врски на Мицкоски со режимот на Вучиќ во Србија. Од СДСМ порачаа дека антифашизмот е темелна вредност на македонскиот идентитет и дека нема да дозволат замолчување на опозицијата и граѓаните.

    Популарно

    Подгответе се: Сонцето утре се повлекува, се враќа дождот и снегот

    23.03.2026 во 12:09

    Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина 38-годишен маж

    23.03.2026 во 11:56

    Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања

    23.03.2026 во 11:51

    ДУИ: Албанците се третирани како невидливи во институциите на оваа држава

    23.03.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.