СДСМ: Нови измислици на ВМРО-ДПМНЕ за набавките во МВР

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира наводни скандали во обид да го прикрие неработењето на своите градоначалници и деструктивното дејствување во Собранието, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за набавките во МВР. 

„Повторените лаги за јавни набавки на МВР кои се одвивале согласно законите, јавно и транспарентно не можат да го оттргнат фокусот на јавноста од штетите што ги прави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Самиот факт што ниту една компанија не поднела жалба или барање за поништување доволно зборува за законитоста на набавките. 

ВМРО-ДПМНЕ или блокира или шири лажни вести, тоа е се што оваа партија им нуди на граѓаните, нема предлози, нема идеи, нема решенија, само лаги и измислици“, соопшти СДСМ.

06.02.2022 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега