Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ преку писмена реакција испратена до медиумите.
Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали сега на сите им е јасно што се случува?
Исто како во времето на Груевски.
Нема да ви помине!
Сите ќе одговарате!
Работата не е завршена!, реагираат од СДСМ.

