СДСМ: Ние сме одговорна и државотворна партија ,за десет дена членството го ажурирале над 20.000 членови

СДСМ е одговорна и државотворна партија која поставува нови стандарди, носи нова вредност во политичкото дејствување, велат од владејачката СДСМ во соопштение утринава.

Од партијата велат дека паралелно со промените и реформите што СДСМ ги реализира во државата, за подобрување на животот на граѓаните, тече процесот за подобрувања, промени и модернизација во партијата.

„Ажурирањето и активната регистрација на членството на СДСМ тече одлично ширум државата, а го спроведуваат 1.563 тимови од месните одбори од 74 општински комисии.

Во првите десет дена откако започна оваа внатрепартиска постапка своето членство го ажурирале над 20.000 членови на СДСМ.

Овој важен процес носи поголема демократизација на СДСМ и ќе финишира на 21 март со првите непосредни, демократски и внатрепартиски избори на кои ќе се избира новиот претседател на партијата.

Тоа e врв на внатрепартиска демократија и тоа за прв пат во нашата земја ќе го направи СДСМ.

Додека трае процесот на ажурирање, партијата е отворена и за нови членови, што значи ја задржуваме отвореноста којашто беше присутна и досега.

Затоа ги повикуваме граѓаните, можат и онлајн да се пријават на нашата веб страна за да пристапат кон СДСМ.

СДСМ е партија што победува, ја ужива довербата од граѓаните но и постојано се менува, модернизира, подобрува, за уште подобро да им служи на граѓаните“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2021 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега