СДСМ: Не го продолжуваме рокот на пасошите - важно е да го почитуваме Преспанскиот договор

СДСМ нема да даде поддршка за продолжување на рокот за важење на пасошите. Велат дека не сакаат да го прекршат Преспанскиот договор. Според нив, единствено решение е Тошковски подобро да работи и да издава повеќе пасоши.
„ Со вака предложен закон ние имаме конфликт со Преспанскиот договр. Ние имаме конлфикт со непочитување на Уставот односно членот 18 од Уставот на РСМ. И сега ако сакаме да најдеме решение ајде ќе зборуваме како подобро да работи Панче Тошковски, како подобро да ги унапреди службите и да се надминат реално проблемите“  - рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес конференција во Собранието.

Но, реалноста вели дека колку и да работи МВР, со максимален капацитет од 3.000 пасоши на ден, замената би траела до крајот на годината што значи дека исто толку време граѓаните остануваат во државниот притвор.
Реално, промената на Законот со кој ќе се продолжи рокот за важење на пасошите практично нема да смени ништо во односот на другите земји кон македонскиот пасош со старото име. Единствено што ќе се смени е тоа што ќе им даде одврзани раце на македонските граничари да пропуштаат на излез македонски државјани со пасош со старото име за потоа тие да може да патуваат низ Европа каде што немаат проблеми со стариот пасош.
Тоа на пример би ја спречило ситуацијата кога за да стигнете до Италија, мора да отидете во Србија, па од таму во Хрватска па во Италија. Со изменет закон ќе можете културно да си полетате од Скопје и да стигнете во Италија.


 

27.02.2024 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега