СДСМ: На народот му е доста од Мицкоски, тоа јасно го порачаа на вонредните избори
Иницијативата за референдум на Христијан Мицкоски е против македонскиот јазик, прави штета на идентитетот, насочена е директно против евроинтеграцијата на државата. Вака од владејачката СДСМ ја коментираат иницијативата за референдум, со цел понуштување на Договорот со Бугарија, предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите официјални институции на Унијата потврдија дека процесот на преговори за членство го водиме како Македонци со заштитен македонски идентитет, со чиста формулација на македонскиот јазик.
Но, Мицкоски по секоја цена дејствува антиевропски и на штета на државните и националните интереси, без било какво чувство за државност, своите политики ги води според личните потреби и интереси.
„Мицкоски со референдумот има за цел да си ја спаси разнишаната фотелја во Белиот дворец, бидејќи и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ не се сложуваат со него“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Со иницијативата за референдум, со активните и пасивните блокади Мицкоски сака да го попречи нормалното функционирање на државата, во време на економска и енергетска криза, работи на штета на граѓаните и на компаниите.
Но граѓаните го прочитаа, доста им е од деструктивните и ретроградните политики на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, што јасно им го порачаа на вонредните локалните избори.
Мицкоски останува изолиран, а неговите деструкции повторно ќе бидат поразени“, се додава во партиската реакција испратена утринава до медиумите.
11.09.2022 - 10:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа