Шефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата.

Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје. 

Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста, велат од СДСМ.

Рече: прославата чинела нула денари од пари на граѓаните. Нула. А сметката е 5,53 милиони евра. Не од магија. Од Државна лотарија.

Лотаријата е во државна сопственост. Значи на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџет. Буџетот се народни пари. Значи на граѓаните.

Крај на бајката. „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска. 

Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии.

Значи, граѓаните платија. И тоа – многу платија.

Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цени и публика.

Кај Мицкоски сè е лага.  Сè е напумпано.

Пензиите – 16 пати.

Економијата – трета во Европа.

Туризмот – први.

Авиосообраќајот – лидери.

Платите – најбрз раст.

Концертот – 200.000 славиле. 

Сметката – нула.

Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса.

Гета напиша 50.000 а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија. 

Разликата не е во публиката. Разликата е на провизија, надуена исто како и публиката.

Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија.

До кога, арамијо?

Ова не е прослава на независноста туку на провизиите на една банда и на арамија.

Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој чим ќе ја отвори устата – лаже, додаваат од СДСМ.

Exit mobile version