СДСМ: Мицкоски треба да одговори пред јавноста за семејната куќа и милионскиот имот

„Повеќе медиуми во изминатите денови пренесоа информации дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле, според нивни проценки, вредна околу 1 милион евра. Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото семејство имаат недвижен имот во Скопје, Охрид и Црна Гора.“-велат од СДСМ.

-Христијан Мицкоски треба да одговори пред јавноста за семејната куќа и информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите. Дали станува збор за скриен имот и трупање на семејно богатство? Логично се поставува прашањето како со просечни професорки плати се стигнува до милионски имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора?-стои во соопштението.

 

28.02.2023 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега