СДСМ: Мицкоски шири хистерија, за јазикот и идентитетот не се преговара

За јазик и идентитет не се преговара, Мицкоски шири хистерија, става сопки и ги поткопува државните позиции, велат од владејачката СДСМ како реакција на вонредната прес-конференција на опозицискиот лидер.

 

-Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Христијан Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста. Одамна се прочитани намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ, против НАТО, против се што е во интерес на државата, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, целото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е ставање сопки и обиди за кочење на напредокот, на државата.

-Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес. Затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција. Во хистеријата што ја шири Мицкоски никој не верува. За јазикот, за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет се потврдени и признаени, се вели во реакцијата од владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа