Дел од поранешните членови на СДСМ, кои сега се дел од групата „Иднина за Мицкоски“, во јавноста тврдат дека СДСМ не ги повикал на обединување. Ова е уште една груба лага. Па каде има поголем повик од повикот сите да се приклучат кон Фронтот за вистина и правда?, обвинуваат од СДСМ.
Ете, токму затоа и се вика Фронт – затоа што првото нешто што мораме да им го покажеме на граѓаните е вистината, а потоа и дека правдата важи за сите.
Затоа нивната, односно Платформата за иднината на Мицкоски (ЗНАМ 2.0), веднаш беше јасна на сите дека е заснована на лаги.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во повеќе наврати јавно повика сите кои се добронамерни кога е во прашање иднината на Македонија да се приклучат.
Повикот беше јасен: отворени сме за сите кои немаат врска со организираната криминална група ВМРО и кои сакаат добро за Македонија и за нејзините граѓани. Овој повик трае веќе месеци.
Вистината не може да се победи со лаги.
Истите лаги кои го доведоа Мицкоски на власт, кои го одржуваат на власт и кои сега се обидуваат да го задржат уште четири години преку лажната „платформа за иднината“ – сега се користат и за да се создаде впечаток дека СДСМ не сака обединување.
Прашањето е едноставно: ако овие луѓе навистина сакаа да се приклучат кон идејата за обединување на опозицијата, зошто не дојдоа барем на разговор?
Зошто не споделија идеи со оние кои веќе се дел од Фронтот – луѓе од невладиниот сектор, активисти и граѓани кои досега не се занимавале со политика?
Како е можно за својата партија да разговараат во друштво на членови на други партии?
Дали е тоа нормално?
За нашата партија да одлучуваат луѓе од други партии?
Тоа е исто како СДСМ да се собира и да одлучува за ВМРО (иако ВМРО често се грижи и го советува СДСМ, како да се дел од партијата).
А она што се случи на нивниот собир е уште посмешно.
Тајно собирање без име на финансиер, без име на организатор, без име на учесници.
Идејата за „обединување на опозицијата“ на прво место на дневен ред го има растурањето на единствената реална опозиција во Македонија.
Целосно смешно.
Уште еднаш упатуваме јасен повик до сите оние кои од љубопитност отидоа на тој собир да слушнат за наводно обединување на опозицијата против криминалната организација предводена од шефот на бандата Мицкоски – дојдете во Фронтот.
Овде ќе слушнете вистински и реални идеи за обединување на сите кои сакаат да ја вратат власта во рацете на народот, да ја вратат Македонија на европскиот пат и да изградат подобра иднина за сите граѓани.
Вратата е отворена, стои во реакцијата на СДСМ..


