На 03.07.2026 во 11:15 часот во Охрид, полициски службеници го лишија слобода С.П.(45) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, како и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


