СДСМ: Мицкоски нема компас, стана заложник на Апасиев и анти-ЕУ политичар

 
„Христијан Мицкоски нема компас, само декларативно се залага за европската иднина на државата, а од друга страна го кочи и попречува европскиот пат. ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во ЕУ.“ - велат од СДСМ во своето соопштение.
 
-Три години, Мицкоски зборува единствено за ново парламентарно мнозинство и предвремени избори, не го интересираат стратешките интереси на држава, ниту интересите на граѓаните. Целото негово делување е да предизвика криза и да издејствува избори, правеше насилни протести, го блокира собранието, го лажеше народот и своето членство дека има ново мнозинство и дека оваа пролет ќе го распушти парламентот. Се што кажа излажа. Наместо предвремени избори има ново и зголемено мнозинство на СДСМ и коалицијата во Собранието.Без идеја, предлог и решение, Мицкоски стана анти ЕУ-политичар, заложник на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреваруваат во блокади и кочење на државата.- додаваат во соопштението.
 
„Со СДСМ, државата стана фактор на стабилност во регионот, членка на НАТО, претседавач со ОБСЕ, со започнати преговори за членство во ЕУ. СДСМ нема да се откаже од европската иднина, силно и одлучно продолжува по европскиот пат.“- стои во нивното соопштение.
25.03.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега