СДСМ: Мицкоски на брза трака може да врати само режим и газење на медиумите

 

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на брза трака можат да ја вратат државата само назад во режим, во изолација и масовно газење врз на човековите права и слободи и врз медиумите, велат од СДСМ во реакција по интервјуто на Христијан Мицкоски, лидер на СДСМ.

Од партијата наведуваат дека граѓаните одамна знаат дека тој е изворот на фалични вести и затоа шест пати го поразуваат на изборни соочувања.

„Мицкоски се противи на тврдењето дека нема веќе нарачани вести во медиумите. И веројатно единствено за тоа е во право, ако зе земе предвид дека се уште постојат неколку неслободни медиуми кај што Мицкоски нарачува вести. Но, ветуваме, Владата предводена од СДСМ ќе направи сѐ што е во нејзина надлежностслободата да дојде и кај нив.

Лицемерно, неодговорно и несериозно е Мицкоски да зборува за евроинтеграции и слободи кога правеше сѐ за да ги закочи реформите важни за напредокот на државатакога беше единствениот кој не се израдува и не честита за влезот на Северна Македонија во НАТО.

Заради таквиот однос кон државата и граѓаните тој е во опозиција и уште долго ќе остане таму“ велат во реакција од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2021 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега