Мицкоски денеска изјави дека владата им се ставила на располагање на соседните држави, нивните граѓани да полнат гориво за пониска цена, иако веќе е многу поскапена и не е како што беше.
Вистинските потреби се платите на граѓаните на Македонија, а не грижата дали граѓаните од други земји ќе доаѓаат во Македонија да точат гориво, реагираат од СДСМ.
Мицкоски се грижи за граѓаните од соседните земји а не се грижи за своите граѓани.
Утре кога ќе пораснат цените на прехранбените производи, ниту 600 евра нема да бидат доволни на македонските работници.
Македонците ќе немаат за леб а не за гориво.
Дали тогаш Мицкоски ќе им каже на македонските граѓани да одат во странство за да јадат?
Токму поради ваквите „политики“ на ВМРО и Мицкоски младите бегаат од државата.
Наместо да бидеме дел од ЕУ, со отворен пазар и можности сите да бидат тука.
Дополнително, Мицкоски денеска повторно излажа.
Во Македонија горивата поскапеа најмногу од целиот регион, за дури 14,8%. Во Србија поскапеа само за 1,5%, во Бугарија само за 1,8%, во Хрватска за 1,4%. А во Македонија за 14,8%!
И покрај тоа сите земји преземаа мерки за намалување на цените, само владата на Мицкоски не.
Мицкоски лаже, а кој лаже тој и краде!, додаваат од СДСМ.

