Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минус температури утрово – најстудено во Берово
    • Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“
    • Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра
    • Студено утро во Македонија, температури под нула – Попладне нагло ќе пораснат
    • Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема
    • Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ја враќа политиката на поделби, омраза и страв

    СДСМ: Мицкоски ја враќа политиката на поделби, омраза и страв

    11.08.2026 во 08:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов, се наведува во соопштението на СДСМ.

    -Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“.  Таа реторика не останувала само на зборови. Обвинувањата од страна на Ванчо за предавство се користеле како оправдување за репресија, физичко насилство, елиминација.  По 1928 година, кога Михајлов ја презел водечката улога, следувале ликвидации на политички неистомисленици, велат од опозицијата.

    Според СДСМ, истата шема ја гледаме и денес.

    -Мицкоски со години секој што не се согласува со него го прогласува за предавник. Секој што се залага за демократска и европска Македонија го „почестил“ со истиот епитет. На Илинден – најголемиот државен празник на единство и заедништво – тој официјално ја започна новата кампања. Народот што не ја поддржува неговата политика го нарече „талог“. Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ повеќе не држи ниту на хартија. Самиот Мицкоски рече дека ВМРО е „промакедонска“ партија. И тоа е точно. Не може да биде македонска партија кога половина од нивните функционери, нивните семејства и блиски имаат бугарски пасоши и фирми, велат тие.

    Додаваат дека она што дополнително ги поврзува Мицкоски и Ванчо Михајлов е токму таа пробугарска нота.

    -Покрај влијанието на „српскиот свет“, односно на СНС и Вучиќ, сега е јасна и оваа компонента што го објаснува однесувањето на Мицкоски: политика на омраза, поделби, изолација и контрола. Политика од деведесеттите. Политика на страв. Кога тој на Илинден ја изедначува борбата на Ванчо Михајлов со АСНОМ, тогаш е кристално јасно за каков политички проект станува збор. Македонскиот народ отсекогаш бил слободарски и антифашистички настроен. Нема да дозволиме годините на темнина да се вратат. Граѓаните сакаат слободна, просперитетна, демократска и европска држава .Држава во која младите ќе сакаат да останат а не слепо црево на Балканот, изолирана, отруена и водена од една криминална организација и од еден диктатор во обид, кој се управува однадвор, велат СДСМ.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“

    07.10.2026 во 09:51

    Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок

    07.10.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.