Close Menu
    Најново

    Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција

    16.12.2025 во 23:44

    Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци

    16.12.2025 во 23:15

    Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?

    16.12.2025 во 23:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција
    • Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци
    • Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?
    • ВИДЕО: Ова е новиот состав на СДСМ
    • На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура
    • Нови потпретседатели на СДСМ се Јована Тренчевска и Александар Трајановски
    • Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина
    • Со секира влегол во казино: Земал 8.600 денари од вработената
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата

    СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата

    18.09.2025 во 17:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДСМ жестоко реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски поврзани со департизацијата на јавната администрација, нарекувајќи ги „цинични“ и „лицемерни“. Според СДСМ, токму ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство се одговорни за досега невидена партизација на државните институции.

    „Мицкоски ли најде да зборува за департизација на администрацијата? Па токму тој и ВМРО-ДПМНЕ се синоним за партизација на институциите“, наведуваат од СДСМ во соопштението.

    Од партијата обвинуваат дека само во првите 15 месеци од мандатот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ спровела системско уништување на институциите преку, како што велат, „брутална партизација“. Тие тврдат дека стручноста и компетентноста не се критериум при вработување, туку клучна е партиската книшка.

    „Преку 700 огласи за вработување беа распишани само годинава – сите во функција на згрижување на партиски кадри и зголемување на партиската војска на ВМРО-ДПМНЕ“, посочуваат од СДСМ.

    Како примери за партиско и роднинско вработување, СДСМ ја спомнува фамилијата Андоновски, каде, според партијата, таткото Љупчо е советник, братот Игор е началник, а Стефан Андоновски – министер, сите ангажирани во владата предводена од Мицкоски. Дополнително, се наведува и дека сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес токму во овој период.

    „Нема институција која остана недопрена од партиските вработувања. Ова особено се засили во периодот пред локалните избори“, обвинуваат од СДСМ.

    Од таму порачуваат дека Мицкоски е „последниот што може да зборува за ефикасен јавен сектор и департизација“, оценувајќи дека неговата влада само ја продлабочува партизацијата и клиентелизмот во државата.

    Top News
    Популарно

    Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа

    16.12.2025 во 19:27

    ВИДЕО: Ова е новиот состав на СДСМ

    16.12.2025 во 22:49

    На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура

    16.12.2025 во 22:37

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.