СДСМ: Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази

„Мицкоски уште еднаш покажа дека е само обичен заложник на Димитар Апасиев и Левица, класичен антиевропски политичар. 
Освен да го следи Димитар Апасиев во секојдневен натпревар за блокади и кочење на државата Христијан Мицкоски друг план нема.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција на хаос и враќање назад. Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата.
Затоа ниту збор од Мицкоски не слушнавме за успешното справување со енергетската и економската криза, за покачените плати и пензии, за рекордниот износ на странски инвестиции“. Вакви пораки испраќаат од СДСМ во писмено соопштение до медиумите во врска со изнесените ставови на Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Само вистина на Канал 5 ТВ.
 
Пропаднаа сите најави на Мицковски и Левица државата наскоро ќе пропадне, ќе нема доволно струја, гас, бензин, дека ќе има рестрикции на струја, прекини и недостиг на храна во супермаркетите, велат од партијата. 
„Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија која забрзано се опоравува од кризата. Инфлацијата е зауздана, а политиките на Ковачевски ги намалуваат цените на лебот, тестенините, млекото, месото, јајцата.  
 
Дополнително, денеска Христијан Мицкоски призна дека со месеци го лажеше народот и своето членство дека има 61 пратеник и ќе го распишти Собранието оваа пролет. Наместо распуштање имаме зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.  
СДСМ нема да се откаже од европската иднина, силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат. Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази“, се додавва во реакцијата на СДСМ.
23.03.2023 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега